Одермат доминантeн во Кортина, изненадување кај жените на слаломот во Чешка

164

Швајцарецот Марко Одермат оствари двоен триумф во супервелеслаломските трки во италијанската Кортина д’Ампецо. Во саботата Одермат победи пред Александер Амод Килде и Матија Касе, а денеска Австриецот заврши пред Доминик Парис и Даниел Хеметсбергер.

Со овие два триумфи Одермат го зацврсти првото место  во генералниот пласман со 1386 поени, а вториот Килде има 1073. Одермат води и во супер велеслаломот со 540 поени, пред Килде кој има 392.

Во женска конкуренција денеска се возеше слалом во чешки Шпиндлерув Млин, а победи Германката Лена Дир пред великанот Микаела Шифрин и хрватската скијачка Зринка Љутиќ. За Дир ова е прва победа во Светскиот куп.

Дир за шест стотинки беше побрза од Шифрин која пред некој ден го собори рекордот по најмногу победи во женска конкуренција во аплско скијање. Германката имаше одличен викенд во Чешка затоа што на саботната слаломска трка заврши втора зад Шифрин, а пред Венди Холденер.

Во генералниот пласман Шифрин е прва, пред Петра Влхова.

ПретходноЕгипет и Парондо по 80. минути до седмото место на СП
СледноМаестрална асистенција на Де Пол и гол на Саул за победа на Атлетико во Памплона