Реал Мадрид – Барселона, во двомеч од полуфиналето во Купот на Кралот. Вака сакаше ждрепката која беше извршена денеска во Фудбалската федерација на Шпанија.
Останатата двојка е дуелот меѓу Осасуна и Билбао. Првите натпревари се играат на 28 февруари или 1 и 2 март, додека реваншите се закажани за 4,5 или април, додека финалето ќе се игра на 6 мај во Севилја на „Ла Картуха“.
Ова значи дека до крајот на сезоната ќе има три мечеви меѓу Реал Мадрид и Барселона, два во Купот на Кралот, првиот се игра на „Сантијаго Бернабеу“, и еден во Ла Лига.