Откако и дефинитивно ќе остане без Милан Шкрињар, Интер, барем според пишувањето на медиумите од Островот, започнал преговори со Манчестер Јунатед за евентуален трансфер на Хари Мегваер. Стоперот на Јунајтед и селекцијата на Англија, не е баш по вкус на тренерот Ерик тен Хаг, па се верува дека овој трансфер би можел да се случи.
Сепак прашање е дали Интер има доволно финансии да го купи Мегваер, посебно ако се знае дека за неговите услуги се заинтересирани неколку клубови од Премиерлигата.