Турчин ќе игра за Силекс

669

Хрватскиот интернациналец Томислав Турчин е најновото засилување за тимот на Силекс. Екс младинскиот репрезентативец на Хрватска, доаѓа како новитет во Кратово на два дена пред заминувањето на Силекс на базичните подготовки во Анталија.

Се работи за крилен напаѓач, нешто што Силекс го бараше цела зима, и конечно го пронајде.

Некогашниот младинец на Цибалија има настапувано уште и за екипите на Ријека, Рудеш, Вараждин, вториот тим на Динамо Загреб, а бил дел и од екипите на Широки Бријег во Босна како и Алуминиј во Словенија. Последно  настапувал за тимот на Сесвете. Има пет настапи за У19 репрезентацијата како и еден настап за младата селекција на Хрватска.

 

ПретходноЦрн викенд за обложувачите: Јуве 0:2, Милан 2:5, ПСЖ 1:1, Реал 0:0, Баерн 1:1, Ливерпул 1:2…
СледноСлавниот актер го доби најлошото седиште на стадионот и не правеше проблеми!