Во дуел во кој дури девет играчи имаа двоцифрен број на поени, лидерот на источната конференција во НБА лигата, тимот на Бостон Селтикс триумфираше на домашен терен против тимот на Бруклин Нетс со конечни 139:96. Џејсон Татум имаше учинок од 31 поен и девет асистенции, додека Браун додаде свои 26.
Кај поразениот тим на Бруклин пак, Кајри Ирвинг стигна до 20 поени, додека пак Томас додаде еден помалку. За Селтикси ова беше 37 победа сезонава и сеуште лидерска позиција на Истокот додека пак, Бруклин остана на своите 31. и четврта позиција.
Тимот на Филаделфија пак исто така на домашен терен го зовлада Орландо со конечни 105:94 во меч во кој Џоел Ембид стигна до 28 поени и 11 скока, а неговиот соиграч Џејмс Харден со 26 поени и девет скока. Кај поразениот тим Фултс постигна 18 поени.
Од друга страна пак, мечот помеѓу Детроит Пистонс и Вашингтон беше одложен поради снежната олуја која што се случи во сојузната држава Мичиген и поради приблемите тимот на Детроит да се врати дома по гостувањето кај Далас.
Резултати:
Мемфис – Портланд 112:122
Филаделфија – Орландо 105:94
Бостон – Бруклин139:96
Хјустон – Оклахома 112:106
Минесота – Голден Стејт 119:114 (по продолжение)
Сан Антонио – Сакраменто 109:119
Јута – Торонто 131:128
Феникс – Атланта 100:132










