Шкотскиот весник „Дејли рекорд“ денеска пишува дека легендата на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк е во трка за функцијата тренер на Абердин, во чии редови настапува нашиот репрезентативец, Бојан Миовски.
Весникот пишува дека претставниците на Јорк биле во разговор со управата на Абердин во врска со работата во шкотскиот клуб, кој е без главен тренер по отказот кој го доби Џим Гудвин на 29 јануари.
51-годишниот Јорк неодамна беше главен тренер на австралискиот клуб Макартур, од каде изненадувачки замина во средината на јануари. Во својата активна фудбалска кариера, Двајт Јорк е најпознат по времето поминато во Манчестер Јунајтед, каде играше од 1998 до 2002 година.