Супер издание на есенскиот шамшион во ПМФЛ, тимот на Струга Трим Лум денеска во Анталија против Петрокуб, еден од најдобрите клубови во Молдавија. Стружани славеа со 3:0,одиграа маестрално според извештаите од Анталија, а треба да се каже дека Кочоски постигнал фантастичен еврогол. Останатите два стрелци за тимот на стратегот Срѓан Захариевски биле Укпа и Јахја.
Ова било убедливо најдоброто издание на Струга ТЛ и не само на подготовките во Анталија туку воопшто во текот на целиот тек од зимските подготовки.
И на овој меч Захариевски им дал шанса на повеќе свои играчи.
Инаку да кажеме дека Петрокуб е тимот кој во летото 2021 го елиминираше Силекс во првото коло во квалификациите во Лигата на Конференции.