Николиќ: Испразнет сум емотивно! Победа заслуживме и порано, знаете за што зборувам!

577

МЗТ Скопје дојде до голема победа во АБА-лига, вкупно трета. Актуелниот македонски првак одигра одличен меч, на крајот заслужено се радуваше на триумфот против Цедевита Олимпија од 79-74.

Ова беше прва радост во јадранското натпреварување и за Драган Николиќ, кој има право на задоволство, неговите момци одиграа навистина поразлично.

„Се чувстувам одлично. Беше добар меч. Мислам дека е доволно или треба да кажам уште нешто“, беа првите зборови на Николиќ, кој секако се пошегува.

„Имаме простор да се пошегуваме да бидеме расположени. Победа, заслуживме и порано, знаете на која мислам, бевме под сите критериуми. Се надевам дека такви мечеви се минато, исто како и повредите и болестите, иако мислам дека уште нешто недостига во тимот, но сега не е време за тоа.

Игравме против одличен тим, Олимпија кој игра одлично во АБА-лига, исто се натпреварува во Еврокуп. Тие се господски тим, на кого му посакувам среќа.

Победа сакам да ја подарам на некого. Кога го земав МЗТ Скопје, добив толку многу, им благодарам на сите тие луѓе, благодарност до навивачите. Испразнет сум од емоции по мечот, таков сум.

Знаете не чека дерби со Работнички, па со Морнар. Се надевам дека ќе имаме разбирање од страна на домашните клубови, знаете колку е тешко да се игра во АБА-лига. Ќе пробаме во иднина да извлечеме максимум“, изјави Николиќ по мечот. 

ПретходноМЗТ Скопје, за каков секој Аеродромец сонува: Олимпија падна во „Јане Сандански“ (ФОТО)
СледноПризнание од Олимпија: Честитки до МЗТ, заслужена победа!