Нов трипл-дабл на Јокиќ, грчкиот ѕвер Адетокумбо – незапирлив (ВИДЕО)

1737

Дуелот меѓу двајцата српски репрезентативци, Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ во НБА-лигата заврши со победа на првиот. Денвер на домашен терен ја совлада Атланта со 128-108 и го зачува врвот на табелата во Западната конференција.

И овој пат Јокиќ имаше трипл-дабл, постигна 14 поени, 18 скока и ап асистенции. Прво име кај победникот беше Мајк Мелоун со 41 поен, 7 асистенции и пет скока. Портер имаше 23 поени. На другата страна Маерј имаше 28 поени и 10 скока.

Милвоки кој е веднаш зад Денвер, го совлада Мајами со 123-115. Ова беше уште една фантастична вечер за Јанис Адетокумбо, кој запиша 35 поени, 15 скока и 11 асистенции. На другата страна пак Батлер беше стрелец на 32 поени.

Голден стејт го доби дуелот со Далас, кој пак беше без помошта на Лука Дончиќ, славеше со 199-113. Кари со 21 поен, 6 скока и 7 асистенции го предводеше актуелниот првак, 17 поени имаше Грин.

За Вориорс ова беше 27 победа оваа сезона, со 26 порази е осми во Западот, додека пак Далас е шести.

Лејкерси и покрај одличната игра на Леброн и Дејвис не дојдоа до победа на гости кај Њу Орлеанс, беа совладани со 131-126. Леброн беше стрелец на 27 поени, 9 скока и 6 асистенции, додека Дејвис запиша дабл-дабл од 34 поени и 14 скока. Прво име кај победникот беше Инграм со 35 поени.

Резултати: Бруклин – Вашингтон 125-123, Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 131-126, Детроит – Феникс 100-116, Њујорк – ЛА Клиперс 128-134 (прод.), Чикаго – Портланд 129-121, Милвоки – Мајами 123-115, Оклахома – Хјустон 153-121, Голден стејт – Далас 119-113, Денвер – Атланта 128-108.

ПретходноФедор Емелијаненко со тежок пораз ја заврши кариерата (ВИДЕО)
СледноДраган Николиќ во „екстаза“: Прво се фрли во прегратка кај Дамјан, па покажа мускули (ВИДЕО)