Драган Николиќ ја запиша првата победа во АБА-лига како тренер на МЗТ Скопје. Ова беше прва победа за актуелниот македонски првак после долго време, минаа речиси два и пол месеци.
Српскиот стратег и неговите момци ја урнаа Ц.Олимпија на домашен терен и направија важен чекор кон остварување на целта – опстанок во јадранското натпреварување. Токму оваа голема победа го понесе Николиќ, кој по судискиот свиреж прво се фрли во прегратки кај капитенот, Дамјан Стојановски, а потоа отиде кон трибините и покажуваше мускули.
What a night for Skopje basketball fans!
Winless streak is over.
Dragan Nikolić gets his first win on the @kkmztskopje bench.#ABALiga pic.twitter.com/7xk6wQpBZv
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) February 4, 2023