Победа си закажа две пријателски во Србија!

1181

Нема некои добри вести од фудбалски Прилеп оваа зима. Лошата финансиска состојба во клубот беше причина за промена на тренерска клупа, но и заминувањето на неколку клучни играчи. Јасно е дека прилепчани ги чека пекол во пролетниот дел, посебно ако се знае дека сите останати ривали на тимот и тоа како се засилуваат.

Сепак прилепчани не се предаваат. Тренираат колку што можат во рамките на своите можности, а за оваа недела си закажаа и две пријателски средби во Србија.

Во вторник Победа ќе ги одмери силите со Вождовац, а следниот ден противник ќе биде составот на Лозница.

ПретходноКрстевски им даде инструкции на странците пред Работнички: Мора да ги уништиме (ВИДЕО)
СледноЗарем е можно: Дали голманот на Емполи ја има одбраната на векот? (ВИДЕО)