Браво Калин: Ивановски со огромен скок на АТП листата!

1888

Калин Ивановски, нашиот најдобар тенисер и оваа недела има напредок на АТП листата. Па така тој од денеска е на 504 место во светот што е за 30 места подобар пласман од минатата недела.

Се разбира дека за овој голем скок “виновен“ е турнирот во Монастир каде изминатиот викенд Македонецот се пласираше во 1/2 финалето.

Инаку прашање на ден е кога Калин ќе се најде под тоа 500.место на АТП листата, исто така прашање на денови и месеци е кога тој ќе се има уште подобар пласман.

Секако дека има квалитет за такво нешто.

Кога сме кај најдобрите таму се е исто како и минатата недела. Новак Ѓоковиќ е прв, Карлос Алкараз е втор а Стефанос Циципас е третопласиран.

ПретходноТепачка на градско дерби во Бразил, никој не доби црвен! (ВИДЕО)
СледноВО ЈАНУАРИ, РЕКОРДНИ 70 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВИДЕОЛОТАРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ