Пелистер Волеј преку Струмица до четвртфинале во Купот на ОФМ

155

Младите одбојкарки на Пелистер Волеј успеаја да слават на гостувањето во Струмица со 3:1 во еден од најинтересните дуели од осминафиналето на женскиот одбојкарски куп на Македонија. Во интересен и возбудлив меч со навистина драматичен финиш, битолчанки заслужено се во четвртфиналето.

Таму им се приклучија и дел од останатите фаворити на вчерашните осминафинални дуели како Јанта Волеј, Наковски Волеј и составите на Вардар жени и Вардар ЕМ кои дојдоа до убедливи победи. Денеска на дуелот меѓу Работнички и Универзитет во Тетово ќе го добиеме и последниот четвртфиналист.

Во машка конкуренција се одигра и последниот меч од осминафиналето, каде екипата на Универзитет во Тетово го совлада Сушево со максимален резултат.

КУП НА МАКЕДОНИЈА

Осминафинале (мажи)

Универзитет во Тетово – Сушево 3:0 (25:10, 25:20, 25:17)

Осминафинале (жени)

Работнички Скопје – Универзитет во Тетово (денеска 17.15)

Јанта волеј – Фламинго волеј 3:0 (25:10, 25:15, 25:14)

Наковски волеј – Виктори волеј 3:0 (25:3, 25:6, 25:12)

Фит фан волеј – Форца волеј Ема    3:0 (25:5, 25:17, 25:15)

Вардар жени – Бами Кор 3:0 (25:23, 25:21, 25:18)

Вардар ЕМ – Ускана волеј    3:0 (25:16, 25:18, 25:23)

Струмица жени – Пелистер волеј 1:3 (22:25, 18.25, 25:22, 27:29)

Македонија Макс – Младост УГД 0:3 (6:25, 18:25, 16:25)

ПретходноБрегалница ги финишира подготовките, следува „генералка“ со Беласица
СледноСе создава нова Суперлига, се преговара со повеќе од 50 клубови!