Скопје тргна фуриозно – ја урна Струга!

119

Екипата на Скопје 2020 фуриозно го почна плеј-аутот. Избраниците на Горан Кузманоски ја совладаа Струга со 38-32 пред своите фанови. Домашниот тим победата ја најави во првиот дел и тоа на стартот поведе со 9-3, гостите успеаја да се доближат на еден гол 13-12, па 14-13. Но, тимот на Скопје со серија од 5-2 на одморот заголеми на 18-15.

Продолжението на мечот не донесе некое големо  возбудување, домашниот тим добро знаеше што сака, па без проблем го приведе дуелот во своја корист.

Киселовски со седум гола беше прв стрелец, зад него беше Барјактаревиќ со шест погодоци, на другата страна Бугариновиќ запиша седум гола.

ПретходноЧелзи и со најскапите зимски засилувања не успеа да го победи Вест Хем (ВИДЕО)
СледноСо потписот на Нахуел Франко „пандевци“ го завршија зимскиот преоден рок