Женската репрезентација на Македонија до 19.години ќе одигра два контролни меча со Кипар

183


Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два нови контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар.

Контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот  „Tasos Markou” во Кипар.

Првиот натпревар го играме на 15. февруари со почеток во 14:30. Два дена подоцна на програмата е закажан вториот меч во исто време.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко, за претстојниот предизвик се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Берна Кабакчи, Клара Андреевска;

Одбрана: Симона Ребека Маијер, Ефимија Цунева, Едина Сулејмани, Матеа Блажевска, Миа Головска, Сара Ефтинџиоска, Дајана Ристовска;

Среден ред: Ера Стеблева, Радица Велкова, Сара Мена, Кристина Мојсоска, Андреа Донева;

Напад: Јехона Велиу, Лора Сулејмани, Веса Села, Билјана Панеска, Ајна Исејни, Еда Далипи;

Претходно„Бомба“ на Чаир: Влатко Стојановски во Шкупи!
СледноФерари го претстави „СФ-23“ болидот за претстојната сезона во Ф1! (ВИДЕО)