ФК Пелистер ги прави последните подготовки пред стартот на вториот дел

706

Првиот тим на ФК Пелистер ги прави тактичките и техничките подготовки на стадионот „Петар Милошевски“ додека екипите на КЈП Нискоградба и ЈП Комуналец го средуваат просторот околу теренот за непречено да ги пречека навивачите на првиот првенствен натпревар од првенството оваа сезона во сабота во 14 часот. Противник е ФК Кожув и клубот ги извести своите симпатизери за продажбата на билети за овој натпревар, а исто така додаде дека во продажба има и блок-влезници за осумте натпревари на домашен терен во вториот дел од сезоната.

Влезници за натпреварот можете да купите во предпродажба во Brothers Тобако на широк сокак и во ДИМПО Тобако во горниот пазар додека на денот на одржување на натпреварот ќе се продаваат и на билетарницата на новата трибина еден час пред натпреварот. Влезниците за натпреварот против ФК Кожув ќе се продаваат по цена од 100 ден. додека во продажба има и сезонски влезници за осум натпревари што се играат на домашен терен по цена од 500 ден“, соопштија од ФК Пелистер.

Пелистер моментално е на четвртата позиција во ВМФЛ.

 

ПретходноФудбалски мерак: Хоризонт Турново изминатиот викенд беше организатор на турнир на кој учествуваа 260 фудбалерчиња! (ФОТО)
СледноЖенскиот национален тим поразен од Замбија