Марјан Илиевски: Имаше нервоза кај нас, се “коцкав“, но се надевам дека утре одморените ќе ми вратат!

207

Иако важеше за фаворит на хартија, сепак Пелистер мораше малку повеќе да се помачи за да го совлада Еуро Никел во третото четвртфинале во Купот на Македонија. На крајот се добро се заврши за битолчани, посебно откако одиграа квалитетно во последниот период и на крајот славеа со 70:70.

По мечот свој коментар имаше стратегот на битолчани Марјан Илиевски:

Мечот тргна како што се договоривме. Но потоа од 7.минута, натпреварот си доби некој свој тек. Еуро Никел одигра порекалсирано, а ние примивме 28 поени за десет минути. И кога е така, јасно е дека мора да има нервоза. Мора да им честитам на играчите зошто три дена сме без тренинг. Користев помал ростер, ја користев и тренерската филзофија, по малку и се коцкав, но се надевам дека тие играчи кои денеска не играа многу утре ќе ми вратат со својата свежина“ изјави по мечот стратегот на Пелистер.

Да потсетиме дека утре Пелистер го чека полуфинален дуел со Феникс 2010.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Пелистер го победи Еуро Никел и си закажа полуфинале со Феникс 2010! (ФОТО)
СледноФантастична кореографија на фановите на Трабзон: Турција е обединета, сите сме заедно….!(ВИДЕО)