КУП НА МАКЕДОНИЈА: МЗТ и Феникс со иста цел – да му го расипат планот на ТФТ и на Смилковски!

183

Допрва доаѓаат интересните битки за трофејот во Купот на Македонија, кој го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“. По вчерашните возбудливи четвртфинални битки, денеска на програмата е полуфиналето и во машка конкуренција.

Први во СРЦ „Кале“ ќе ги видиме учесниците од минатогодишното финале, МЗТ Скопје и ТФТ, дуелот е закажан со почеток во 17 часот.

Актуелниот бранител по голема драма го совлада Работнички и најави атак на трофејот, потенцирајќи дека не се плаши од никого, дури и стратегот Боро Смилковски, го предвиде финалето. Тој рече дека сака да види како медиумите пишале дека преку вечните стигнале до пресметка со Пелистер, недавајќи му шанса на Феникс.

Се надевам дека ТФТ преку „вечните“ ќе закаже дуел против Пелистер“, најави Боро Смилковски по првата победа на турнирот во СРЦ „Кале“.

На другата страна пак МЗТ Скопје на оваа средба влегува со посебни мотиви. Откако лани не успеа да го подигне Куп трофејот, актуелниот првак не планира да ја повтори истата грешка. Тренерот Драган Николиќ  посака денеска на трибините да види што поголем број на навивачи на МЗТ Скопје, а бидејќи веќе е полуфинале, сигурно ќе биде и поразник, се очекува салата да биде полна.

По оваа средба, следи пресметката меѓу Феникс и Пелистер (19:30 часот). Избраниците на Денис Дервишевиќ се аутсајдери, но оваа улога секогаш добро ги мотивира, па токму затоа нема да биде чудо ако против битолчани дојдат до првото историско финале.

„Одигравме претходно меч со Гостивар во првенството кој го добивме доминантно. Влеговме поопуштено во мечот, но противникот беше мотивиран за одмазда. На крајот успеавме да се вратиме и да добиеме мечот. Игравме со двајца нови играчи кои дојдоа пред еден ден, малку бевме ‘тенки’ во ротацијата, но верувам дека како одминува времето ќе бидеме подобри. Јас како карактер секогаш одам на победа, без разлика кој ни е ривал, тука сме дојдени да играме финале“, изјави Денис Дервишевиќ.

Тимот пак на Марјан Илиевски е под притисок, мора да ги оправда сите вложувања во изминатиот период, да дојде до финале, а потоа во Битола да го донесе првиот Куп трофеј.

ПретходноИ официјално А. Пандев добива италијанско -американски газда, клубот ќе се преименува во ФК Брера!
СледноПроблем за Чави – остана без две ѕвезди пред реваншот на „Олд Трафорд“