Наташа Андонова најдобар играч за врска на купот Аланија 2023

259

Женската фудбалска репрезентација на Македонија беше учесник на меѓународниот контролен турнир што се одржа во Аланија, Турција изминатите денови. Во конкуренција со селекциите на Замбија, Бугарија и Естонија, забележани се два порази и едно реми, а за најдобар играч за врска на турнирот е прогласена Наташа Андонова.

„Задоволен сум од подготовките и настапот на моите фудбалерки на контролниот турнир во Аланија, Турција Одигравме мотивирано, квалитетно на сите три натпревари против силни противници. Од Замбија и Бугарија претрпевме два несреќни порази со голови примени во последните минути, додека со незгодната селекција на Естонија одигравме нерешено. На овие натпревари можност добија млади фудбалерки кои беа повикани на овие подготовки и максимално ја оправдаа укажаната доверба. Задоволен сум од нивниот настап, во иднина може да придонесат многу за сениорскиот тим” – изјави селекторот Кирил Изов.

 

 

 

ПретходноМагдевски: Добро ги познаваме Словачка и Норвешка
СледноВан Дајк: Нашата задача е речиси невозможна, ние не сме роботи