Следниот викенд, на програмата е 21. коло од домашниот ПМФЛ шампионат, а истото в сабота ќе го отворат екипите на Шкупи и Академија Пандев. Со својот дуел кој се игра од 14:00 часот на Гратскиот стадион во Кичево.
Шкупи сеуште ја одработува казната за неиграње на Чаир, а момците на Гоце Седлоски ќе бараат рехабилитација по викенд поразот од Силекс.
Академија Пандев пак одморено ќе го дочека овој меч откако изминатава седмица паузираше од обврските во шампионатот.