Лео Меси е најдобар фудбалер на светот според ФИФА

159

Аргентинскиот суперстар Лионел Меси е добитник на наградата за најдобар фудбалер за 2022 година на изборот „The Best“ во организација на ФИФА. Аргентинецот кој имаше одлична завршница на минатата година освојувајќи ја светската титула со „Гаучосите“ собра најмногу гласови во изборот на селекторите и капитените на репрезентациите, по еден новинар од секоја држава и навивачите и заврши прв пред француските напаѓачи Карим Бензема и Килијан Мбапе.

Меси е седумкратен освојувач на „Златната топка“, а по раскинувањето на соработката меѓу Франс фудбал и ФИФА, аргентинскиот ас еднаш ја освои наградата „The Best“ во 2019 година. Минатата година Меси се најде на подиумот меѓутоа тогаш за најдобар беше прогласен Роберт Левандовски, но сега Меси се врати на тронот.

СИТЕ НАГРАДЕНИ

Најдобар фудбалер: Лионел Меси (Аргентина/ПСЖ)

Најдобра фудбалерка: Алексиа Путељас (Шпанија/Барселона)

Најдобри навивачи: Аргентина

Фер-плеј: Лука Локошвили (Грузија/Кремонезе)

Најдобар голман: Емилијано Мартинез (Аргентина/Астон Вила)

Најдобра голманка: Мери Ерпс (Англија/Манчестер Јунајтед)

Најдобар тренер во женска конкуренција: Сарина Вигман (Холандија/селектор на Англија)

Најдобар тренер во машка конкуренција: Лионел Скалони (Аргентина/селектор на Аргентина)

Најдобар гол: Марцин Олекси

ПретходноТимот за 2022 година според ФИФА
СледноСрбија го фати возот за Мундобаскетот, познати се сите учесници