ПМФЛ: “Пандевци“ го шокираа Шкупи во 90+1.минута, Работнички убедлив во скопската пресметка

2129

Попладнево се одиграа два меча од 21.коло во ПМФЛ. Во Кичево, во супер – интересен меч, на кој Шкупи и А. Пандев одиграа 3:3. Гостите во 91.минута преку Трајков го шокираа шампионот и освоија бод за конечни 3:2. Па така и натаму Струга ТЛ е лидер и тоа во пресрет на големото дерби во среда во Струга во битката за првото место.

Шкупи поведе во 12.минута со голот на Цефас,но струмичани со головите на Крстевски и Руфати, во 28. и 36.минута донесоа 1:2. Сепак Шкупи го врати водството од 3:2 со головите на Данфа и Хамиди.

Сепак на крајот, во таа 90+1 минута Трајков погоди за конечни 3:3.

На вториот меч во Велес, Работнички во скопската пресметка со 4:0 и повеќе од убедливо успеа да триумфира на дуелот со Скопје. Со овие бодови се чини дека тимот од Градски парк и дефинитивно излегува од опасната зона.

Крсте Велкоски постигна хет-трик, а стрелец беше и Гандо.

ПретходноСити го “реши“ Њукасл, имаше и инцидент! (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Вардар победи, но славеа и Пелистер, Гостивар и Воска…