Работнички – Скопје 4:0, убедлива победа и освоени големи три бода. Сепак за ваквата висока победа најзаслужен е Крсте Велкоски, искусниот напаѓач и капитен на Работнички кој постигна дури три гола против “пиратите“ и со тоа ја покажа својата класа.
Велкоски стрелаше во 7.минута, па во 52. и 67.минута за да на крајот Гандо Биела во 90.минута ги постави конечните 4:0.
Убава игра на тимот од Градски парк, освоени се екстра значајни три бода.