Македонската женска ракометна репрезентација го запиша вториот пораз од Турција во рамките на ЕХФ неделата. Избраничките на Љубомир Савевски во Анкара беа совладани од домаќинот со 31-30.
Нашите ракометарки и овој пат по првото полувреме беа подобар противник и имаа водство од 17-19, но оваа позитива не ја сочуваа до крајот. Савевски на овие две пријателски средби на располагање ги немаше сите стандардни ракометарки, дел беа отсутни поради повреди, дел поради обврски со клубовите.
За македонската репрезентација ова беше проверка на силите пред бараж двомечот со Украина за место на Светското првенство. Орвата средба се игра во Скопје на 8. арпил, три дена подоцна Украина ќе не пречека во Кишварда, Унгарија.