АБА се изјасни: Лесор суспендиран на три меча и казна од 10.000 евра!

220

По се она што се случуваше на мечот меѓу Партизан и Ц. Звезда, во дербито на АБА лигата, кога центарот на “црно – белите“ го удри кошаркарот на Ц. Звезда, Филип Петрушев, конечно денеска и раководството на АБА лигата, се изјасни.

Имено Партизан ќе мора да игра без Французинот на следните три меча, а самиот Лесор ќе мора да плати и 10.000 евра.

Секако дека ваквата казна нема да им се допадне на “црвено – белите“ со оглед на тоа дека тие бараа Лесор да се суспендира до крајот на сезоната, а се знае и зошто. Партизан без Лесор и со него во составот, секако не е ист тим.

ПретходноАлкараз е на две победи до тронот на Новак!
СледноСава Радиќ: Струга ТЛ оди по трите бода на гостувањето кај Работнички!