Пролет ја мина првата пречка во групата 2 од Купот на Македонија

100

Ракометарите на Пролет обезбедија тесна победа над екипата на Голден Арт во рамките на групните полуфинални дуели од Купот на Македонија. Вечерва во првиот меч од групната фаза, Пролет славеше со 26:25 во рамките на втората група од Купот на Македонија и за место меѓу најдобрите четири екипи ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш кој е на програмата утре.

Ракометарите на Голден Арт имаа одлично прво полувреме во кое беа подобар противник од домашните. Одличната серија кон втората половина од првиот дел им донесе солидна предност, па на одмор заминаа со водство од 15:12.

Вториот дел почна подобро за Пролет, кој успеа до средина на полувремето да израмни (20:20).

До крајот гледавме неизвесна борба во која победата им припадна на домашните. Кај Пролет со 6 гола најефикасен беше Димковски, додека кај Голден Арт со 6 гола најдобар беше Гошевски.

ПретходноКуман повика пет дебитанти во составот на Холандија
СледноПукна „тиквата“: Меси незадоволен од Галтие си заминал од тренингот на ПСЖ