Заврши штрајкот во Цибона – останува во АБА-лига!

183

Кошаркарите на Цибона штрајкуваа поради неисплатени плати. Постоеше можност да не излезат на теренот на натпреварот од 22.коло на АБА лигата кој вечерва го играат против Цедевита Олимпија. Имаше и можност да се откажат од ова натпреварување, тоа сепак нема да се случи, сценарио кое на МЗТ Скопје можеби најмногу му одговараше, една победа ќе беше загарантирана.

Сепак, штрајкот заврши вчера и Цибона продолжува со учеството во АБА лига.

Според пишувањата на медиумите во Хрватска, раководството не им ги исплатило платите на кошаркарите и тренерот, но им дало нови гаранции дека тоа ќе го сторат во рок од еден месец, што го прифатиле и продолжиле со својата работа.

На играчите им должат повеќе од пет месечни плати, додека тренерот Јосип Сесар наводно нема земено ниту една плата од почетокот на сезоната, а уште полошо е со вработените.

Цибона беше речиси пред згаснување кога играчите и тренерот решија да штрајкуваат, бидејќи неиграњето на два натпревари во АБА лигата ќе значеше исфрлање од натпреварувањето и веројатно крај на постоењето на хрватскиот гигант.

Останува да видиме дали ситуацијата ќе се промени следниот месец.

ПретходноВМФЛ: Гостивар има лесна задача, супер – дербито се игра во среда
СледноНикола Ѓорѓиев со уште еден трофеј: АЦХ Волеј по 13. пат е победник на МЕВЗА