Томовски и Лудвигсхафен испаднаа од Бундес-лигата!

590

Филип Миркуловски и Мартин Томовски и нивните Вецлар и Лудвигсхафен освоија бод во рамките на претпоследното коло во Бундес-лигата оваа сезона.

За Лудвигсхафен ремито значеше преселба на понискиот ранг. Мартин Томовски извлече само бод на дуелот против Минден. Иако го имаа мечот во свои раце и по првото полувреме имаа позитива од четири гола (10-14), сепак на крајот мораа да се задоволат само со реми (24-24). Томовски мечот го заврши со 12 одбрани, кои не беа доволни за опстанок.

Миркуловски и Вецлар по триумфот над Лајпциг во минатото коло, дојдоа до голем бод против далеку поислен тим. На гостувањето кај Магдебург одиграа 27-27. Тимот на македонскиот репрезентативец успеа да се врати кон средината на вториот дел со гол на минута и пол до крајот израмни. Ниту еден од двата тима не успеа да погоди за победа. Миркуловски не се запиша во листата на стрелци, имаше еден неуспешен обид.

 

ПретходноПо Надал и Доминик Тием се откажа од „Вимблдон“
СледноСтранска фирма сака да ги купи акциите на ФК Пелистер!