Пријателски: “Лавовите“ го победија Вардар, Арслан со триумф тргна со Шкупи!

1518

Попладнево се одиграа неколку пријателски мечеви. Во Ѓорче, домашниот состав на Македонија ЃП со 2:0 го победи второлигашот Вардар. Стрелци на головите беа Лемос и Алексовски.

Шкупи со 2:1 го победи тимот на Пехчево, меч кој се одигра на теренот на Фортуна во Сингелиќ. Ѓорѓиев и Несими беа стрелци на головите за чаирчани.

Ова беше и деби – победа на новиот стратег на шампионот, Џихан Арслан, кој го презеде тимот пред неколку дена.

Во Кавадарци, домашниот Тиквеш одигра 1:1 против составот на Детонит. Со голот на Мишов кавадарчани имаа водство во првото полувреме, но во второто Детонит израмнил за конечни 1:1.

Во Струмица, домашната Беласица со 1:0 го победи комбинираниот тим на Брегалница.

ПретходноМладите “грмат“ во Анталија! (ВИДЕО)
СледноМото ГП: Историска победа за Франческо Пеко Бањаја!