Матлиески нов тренер на КЛ7: „Ветувам многу работа и максимална посветеност“

252

Никола Матлиески е нов тренерна Голден Арт КЛ7 во наредните две години. Тој беше прв асистент на селекторот на сениорскиот национален тим на Македонија на последните две големи натпреаврувања, Данило Брестовац.

Стружанецот во 2007 година ја почна тренерската кариера и тоа во јуниорските екипи на Пролет и Металург, а преку сениорската екипа на Металург 2 и Тинекс Пролет доаѓа на чело на КЛ 7.

Доаѓам во средина во која се негува работата со млади македонски ракометари, клуб кој инвестира во создавање на услови во кои нашите млади играчи ќе можат правилно да се развиваат и нуди можност истото тоа да го покажат на терен. По природа сум голем работник и максимално сум посветен на ракометот и затоа можам да ветам многу работа, тренинг, посветеност во следните години. Нашата цел не е само првиот тим, каде што клубот има голем играчки потенцијал, туку и создавање на респектабилна база на млади играчи и тренери во младите категории. Благодарност до раководството на Голден Арт КЛ7, кое има визија да работи за доброто на македонскиот ракомет, за довербата која со максимална посветеност во периодот кој следи ќе се трудам да ја оправдам“ – новиот шеф на стручен штаб на клубот, Никола Матлиески

ПретходноМората: Добивам смртни закани, загрижен сум за сопругата и децата
СледноФавре прво се договори со Кристал Палас, па ги „откачи“