Во Третата кошаркарска лига стана доста интересно, од време на време имаме веќе по еден, за жал редовен скандал. Овој пат срамна слика доаѓа од мечот од западната група помеѓу Тетекс и Мега Баскет.
Теренот во еден момент се претвори во ринг. „Летаа“ тупаници, се влечеа кошаркарите, се обидуваа да се пресметаат, настана голема мешаница која на голема среќа брзо беше смирена.
Хаосот настана на 3:29 минути до крајот, гостински кошаркар со нога удри еден од домашните играчи, а потоа следеше мешаница.
Оваа средба на крајот заврши во корист на Тетекс, кој славеше со 71-65.