Илајџа Џојнер повеќе не е член на тимот на Феникс 2010 откако замина во САД поради семејни обврски.
Дваесетитригодишникот дебитираше во „виолетово-жолтиот“ дрес за Купот на Македонија каде беше од огромна помош во постигнувањето на историскиот успех со освојување на сребрениот медал, како и во четритите настапи во Првата лига.
Заминувањето на Џојнер значи дека Феникс ќе ја доигра сезоната без странски кошаркари откако на почетокот на овој месец си замина и Чарлс Фалден.