Македонскиот дијамант Елиф Елмас го искористи мини одморот да го посети својот поранешен клуб Работнички. Играчот на Наполи игра одлично во Италија, неговиот клуб е пред шампионска титула, а деновиве е во Скопје поради настапите за Македонија на двата натпревари, со Малта и Фарски Острови.
Елмас го искористи слободното време и присуствуваше на еден од тренинзите на Работнички, клубот во кој ја почна кариерата и кој го „лансираше“ на фудбалската мапа. Тој се поздрави со стручниот штаб, потоа малку се дружеше со фудбалерите за да им даде елан за поуспешни настапи во продолжение на шампионатот.