Иако се најавуваше дуел со Шкупи, сепак сменет е планот, првата контрола Работнички ова лето ќе ја има на 30 јуни, но со Напредак Крушевац. Овој натпревар е закажан за во Пехчево и тоа со почеток од 17 часот.
Ова ќе биде првиот тест за момците на стратегот Александар Влахо.
Во моментов “романтичарите“ се подготвуваат во Скопје, на своите терени во Градски парк. Инаку планирани се и десетдневни подготовки во Охрид некаде околу средината на јули.
Планирани се, покрај мечот со српскиот Напредак, да се одиграат и уште неколку пријателски мечеви.