ГОГ испиша историја: Елиминација на Алборг и четвртфинале со Барса

174

Ракометарите на дански ГОГ славеа со 32:24 во реванш осминафиналниот дуел против Алборг и успеаја да ја анулираат негативата од два гола од првиот меч со што обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Ова е најголемиот успех за данскиот тим, кој вечерва покажа поголема желба за пласман во следната фаза од своите сонародници, кои во добар дел од мечот се обидуваа да ја одржат неизвесноста на дуелот. Сепак, последните 10-тина минути комплетно им припаднаа на домашните кои направија голема разлика која практично Алборг немаше шанси да ја стигне.

Питлик со 8 и Вернсдорф и Јоргенсен со по 7 погодоци беа лидери во составот на ГОГ и најзаслужни за овој успех. Кај Алборг вечерва најефикасен беше Клар со 6 гола. Во четвртфиналето ГОГ за противник ќе ја има екипата на Барселона.

ПретходноПоради сомнителен трансфер на фудбалер на Олимпија, Келн доби забрана за трансфери!
СледноГо победи Лихтенштајн со 7:0, па денеска му врачија отказ