Викендов по двонеделната пауза поради настапите на нашите репрезентации, ќе продолжат возбдувањата во ПМФЛ и тоа со мечевите од 25.коло.
Лидерот на табелата, тимот на Струга ТЛ во недела со почеток од 15 часот на свој терен го дочекува составот на А. Пандев. Повеќе од јасно е дека трите бода се приоритет за четата на стратегот Шпетим Дуро.
Со победа лидерот секако дека ќе ја задржи таа предност од 4-5 бодови пред Шкупи и Шкендија.
За тоа што може да се очекува од овој меч, свој коментар има Шпетим Дуро, стратегот на Струга ТЛ:
“Секој натпревар од оваа фаза на првентсвото е тежок, тука нема дилеми. Така ќе биде и против А.Пандев, тим кој што во последно време, па и против Шкупи и Шкендија, покажа дека е во добра форма и дека поседува квалитет. Сепак мислам дека сме подготвени, паузата максимално ја користевме, одигравме и еден пријателски меч на кој убедливо победивме со Караорман, но резултатот беше во втор план. Поважно ми беше да ја видам формата на оние играчи кои досега имаа помала минутажа, и јас сум задоволен од тоа што го видов“ истакна Дуро.