Голем шок за шпанските фанови на тенисот. Имено Рафаел Надал и Карлос Алкараз го откажаа своето учество на претстојниот турнир во Монте Карло. Секако дека ова најмногу ги разочара нивните фанови, има и други откажувања, но сепак главна вест е дека едни од главните фаворити за освојување на овој турнир нема да настапат. И двајцата се пожалија дека сеуште не се доволно заздравени од повредите. Инаку Надал турнирот во Монте Карло го освојуваше досега вкупно 11 пати.
Дали ова значи дека на Новак Ѓоковиќ сега му се отвара патот кон освојување на нов турнир, секако дека останува да се види.










