Академија ФМП ја добитката со Куманово за подобра позиција пред стартот на плеј-аутот, на домашен терен славеше со 88-72. Домашниот тим дојде до шестата победа оваа сезона и со истата го задржа деветото место.
Кошакарите на Академија ФМП одиграа добро во првата четвртина која ја добија со 29-19, на другата страна гостите во овој и следниот период не успеаја да најдат начин како да се вратат во игра, на одморот негативата беше 51-32. Куманово по одморот заигра подобро, но не доволно за целосен прсврт, „академците“ останаа стабилни за убедлив триумф.
Мариновиќ со 19 поени беше прв стрелец кај победникот, Марјановиќ постигна 24 поени за Куманово.










