Чудесна прва четвртина на актуелниот првак за историја (ВИДЕО)

176

Голден Стејт го победи Портланд со 158-101 и со тоа го осигураа шестото место во Западната конференција, последната позиција која води директно во доигрувањето за шампионската титула. Актуелниот првак одигра чудесна прва четвртина во која уфрли 55 поени и постави рекорд по бројот на постигнати поени во еден воведен период.

Рекордот по бројот на постигнати поени во една четвртина и натаму го одржи Буфало кој во сезоната 1972/72 кога против Бостон постигна 58 поени во последниот период, на другата страна противникот постигна само 23 поени.

На овој меч, Клеј Томпсон е третиот играч кој постигнал барем 300 поени од линијата за три поени, Стеф Кари тоа го направи четири пати.

На овој меч Томпсон постигна шест тројки и запиша 20 поени, Кари имаше 26 поени.

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ИН:

(7) ЛА Лејкерс – (8) Минесота Тимбервулвс

(9) Њу Орлеанс Пеликанс- (10) Оклахома Сити Тандер

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ОФ:

(1) Денвер Нагетс – плеј-ин тим (8)

(2) Мемфис Гризлис – плеј-ин тим (7)

(3) Сакраменто Кингс – (6) Голден Стејт Вориорс

(4) Феникс Санс – (5) ЛА Клиперс

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ИН

(7) Мајами – Атланта (8)

(9) Торонто – Чикаго (10)

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ДВОЈКИ ПЛЕЈ-ОФ

(1) Милвоки – плеј-ин тим (8)

2 Бостон – плеј-ин тим (7)

(3) Филаделфија – (6) Бруклин

(4) Кливленд – (5) Њујорк

ПретходноНешто што ретко се гледа во НБА: Соиграчи се степаа на тајм-аут (ВИДЕО)
СледноДончиќ за изненадувачката одлука на Далас: Не ми се допадна!