Македонската ракометна репрезентација не успеа да дојде до посакуваниот резултат ниту на реванш мечот против Украина за место на Светското првенство беше совладана со убедливи 31-22.
Гичевска со десет погодоци беше најефикасна, зад беа беше Ристовска со пет гола, Мицевска имаше осум одбрани.
Ако во Скопје за утеха беше второто полувреме, денеска избраничките на Љубомир Савевски беа под секое ниво. Украина одигра на уште поголемо ниво, кое беше тешко да се прати. Техничките греши и на оваа средба беа главен непријател на „срвено-жолтите“, а не одеше ниту како што треба реализацијата. Овој тим од Скопје во второто полувреме целосно изчезна.
Македонија само двапати поведе на оваа средба, 0-1 и 1-2. По релативно изедначена игра, противникот со серија од 6-1 поведе со 16-9, а пред крајот на првото полувреме негативата која нашата репрезентација беше минус 12 (23-11). Со иста разлика се замина на одморот 24-12.
Украина во второто полувреме имаше плус 13 (27-14), предност која беше доволна за да го приведе овој меч во своја корист иако Македонија го доби овој период.