Ливерпул не може да се „откачи“ од Кариус

554

Лорис Кариус, голманот кој беше „кобен“ за Ливерпул во финалето во ЛШ во 2019 година, со кои „црвените“ го загубија пехарот, поминува низ најтешкиот период во својата кариера.

Тој не е во плановите на Ливерпул, па така англискиот тим сака да го даде. Тој беше на позајмици во Бешикташ и во Унион Берлин, а сега Ливерпул не смета на него.

Па така се обиде да го даде на позајмица во Бохум и Стоук, но двата тима одбија таква можност. Се шпекулира дека неколку клуба од Азија се интересираат за него.

Со Ливерпул има договор до 2022 година.

ПретходноВелс со посебен дрес Кристијан Ериксен пред мечот со Данска
СледноАнтиќ до Спанулис: Среќна пензија ќелав (ФОТО)