Кореографија и посетеност за историја: Партизан постави апсолутен рекорд во Евролигата!

1174

Белградски Партизан вечерва во „Штарк Арената“ го игра последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Евролигата, а веќе успеа да се запише во аналите на натпреварувањето. „Црно-белите“ го урнаа рекордот по посетеност на домашните натпревари во една сезона на Евролигата.

Партизан оваа сезона на домашен терен во регуларниот дел од сеозната го гледале 302.302 гледачи.

Пред почетокот на денешниот дуел со грчки Панатинаикос во центарот на вниманието повторно беа навивачите на белградскиот клуб, кои направија кореографија за паметење.

Партизан веќевобезбеди пласман во Топ 8 фазата од натпреварувањето.

ПретходноПех за Јунајтед: Мартинез има скршеница, во аут до крајот на сезоната
СледноСопственикот на Челзи има список од 8 фудбалери кои одат на продажба