И официјално, “вечното дерби“ бр.170. меѓу Партизан и Ц. Звезда, ќе се игра пред празни трибини. И тоа поради казната која Фудбалскиот сојуз на Србија му ја одреди на Партизан поради настаните на натпреварот со Чукарички.
“Црно – белите“ се казнети со еден меч играње без публика, а со оглед на тоа нивни прв меч како домаќини е оној со својот најголем ривал во среда (26 април), тоа значи дека и ова големо дерби на овие простори и едно од најголемите во Европа, ќе се игра без присустви на фановите на двата клуба.
Секако дека ова е голем удар за двете навивачки групи, за “Гробарите“ и “Делиите“ кои едвај ги чекаат овие натпревари да направат атмосфера за паметење.