БиХ ја совладаа Словенија и се блиску до ЕП

349

Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина во фантастична атмосфера во салата „Салих Омерчевиќ“ пред 2000 навивачи ја совлада фаворизираната Словенија со 27:26 во петтото коло од квалификациите за ЕП.
Со тоа БиХ е на второто место на табелата на најдобро третопласирани репрезентации со два бода исто колку и Фарските острови и само две до три сензации во последното коло може да ги исфрлат Босанците од пласманот на ЕП.
Словенците го отворија мечот, но некаде до 15-тата минута домашната селекција направи пресврт за 11:7. Словенците се вратија на 11:11, а првото полувреме заврши 15:15.
Во последните седум минути двете селекции влегоа со резултат 24:24. На крајот БиХ славеше со 27:26 на крилата на голманот Бенџамин Буриќ кој имаше 13 одбрани. Драганиќ постигна шест гола, а Сњеман Буриќ седум.
На другите мечеви:
Естонија-Чешка 30:32, Финска – Србија 29:30, Италија – Полска 29:31, Израел – Исланд 26:37, Литванија – Унгарија 31:46, Косово – Црна Гора 24:26.

FOTO> RSBiH

Претходно„Црно-бел“ танц среде Мадрид, општа тепачка во финишот (видео)
СледноФиорентина против Интер во финалето на Купот на Италија