Потврдени најавите на СПОРТМЕДИА: Јошко Миленкоски е нов селектор на одбојкарите!

280

Одбојкарската федерација на Македонија и официјално потврди дека Јошко Миленковски е нов селектор, нешто што СПОРТМЕДИА го најави.

Актуелниот предводник на грчки ПАОК, кој беше на клупата на македонската одбојкарска репрезентација во периодот од 1997 до 2008 година, се враќа на селекторското место во нашиот сениорски тим, за да го поведе на престојното Европско првенство, чиј ко-домаќин ќе биде и Македонија (28 август – 16 септември).

По неколку странски селекторски решенија со кои Македонија настапи на две европски првенства досега, Одбојкарската федерација на Македонија успеала да се договори со нашиот врвен стратег, тој да го предводи тимот на историското Европско за оваа генерација на македонски репрезентативци, кои од Скопје ќе се обидат да го направат најголемиот успех на континенталните собири. Миленкоски во моментов е во Солун, каде со ПАОК го очекува четвртиот меч од финалната серија на грчкото првенство против Олимпијакос, со кого води жестока битка за шампионската титула.

Тој оваа сезона веќе направи изненадување освојувајќи го грчкиот куп, а се уште има шанси за сензација и во тамошниот шампионат. Миленкоски треба да ја преземе нашата репрезентација веднаш по завршувањето на клупските обврски, а тоа значи дека ќе ја води Македонија и на престојната „Европска Златна Лига“ од 27 мај.

ПретходноУдинезе поразен од Лече, Несторовски одигра цел меч
СледноЕмил Рајковиќ се реваншираше со камата!