ПМФЛ: Силекс ќе го предизвика Шкупи, лидерот мора до три бода во Штип,“пиратите“ на гости под Маркови Кули!

154

 

 

Денеска од 16 часот се играат натпреварите од 30.коло во ПМФЛ. Дербито се игра во Кратово, каде Силекс ќе го предизвика Шкупи. Во случај на триумф тогаш кратовци и тоа како ќе го загрозат тоа трето место на чаирчани, место кое води во Европа. Секако дека тоа ќе биде жестока битка, а Силекс има што да каже на овој меч.

Брегалница ја дочекува Струга ТЛ, лидерот мора до победа, мора до трите бода ако сака порелаксирано да ги дочека со +5 бода последните три кола. Во спротивно тогаш и Шкендија ќе се прашува за титулата.

Скопје гостува во Прилеп кај Победа. Ова е дерби на дното, ова е меч во кој “пиратите“ влегуваат како огромни фаворити. Во случај на пораз прилепчани и официјално се второлигаши.

Тиквеши Работнички ќе играат за престиж.

Вчера Шкендијасо 3:1 славеше против Македонија ЃП.

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Силекс – Шкупи

Брегалница – Струга ТЛ

Тиквеш – Работнички

Победа – Скопје

ВЧЕРА:

Шкендија – Македонија ЃП 3:1

А.Пандев (слободна)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 56, Шкендија 54, Шкупи 49, Силекс 44, Брегалница 37, Македонија ЃП 36, Тиквеш 31, Работнички 31, А. Пандев 26, Скопје 19, Победа 13…бодови

ПретходноЛазаров со промени во составот, Томовски на местото на Митревски против Турција!
СледноНема мир во Јувентус, бунт во соблекувалната против Алерги?!