Интер слави на “Меаца“: Под Везув “ГОРИ“, Елмас и Наполи ставаат печат на титулата! (ВИДЕО)

363

Денеска е денот кога Наполи по цели 33 години и официјално ќе стане шампион и тоа на шест кола до крајот, веројатно.

Првиот услов е исполнет, Лацио не победи кај Интер, напротив, Интер победи со 3:1.

Сега останува само Елмас и другарите да ја победат Салернитана и Наполи да “ГОРИ“ а мечот почнува од 15 часот и се игра во Неапол.

Лацио водеше со 0:1, а потоа пресврт, со головите на Лаутаро двапати и Госенс на “Меаца“ славје, но и славје на “Диего Армандо Марадона“.

Се разбира дека овие три бода за Интер и тоа како беа потребни во битката за ЛШ.

Можеме само да претпоставиме како е сега на стадионот под Везув и како е на улиците на Наполи.

ПретходноКузмановски: Сакаме да победиме за Гоце, да не заборавиме што има направено за репрезентацијата!
СледноПерез најбрз на Формула 1 трката во Баку