Гоце Георгиевски денеска го игра последниот меч во дресот на македонската репрезентација. После 16 години, искусното крило одлучи да се повлече од националниот дрес.
Денеска на дуелот против Турција, последен од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година, капитенската лента му припадна токму на Георгиевски.
Македонија математички обезбеди пласман на новото континентално натпреварување, останува да стави само печат и со победа како второпласирана да ги заврши квалификациите.