Секоја чест за Меси, Роналдо, Мбапе и останатите, ама оваа 2022/23 сезона е во знакот на Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити.
Откако ги урна сите можно рекорди во поглед на бројот на постигнатите голови во Премиерлигата и воопшто на сите мечеви сезонава, сега на ред е еден, кој ретко кој го знае, стар цел еден век.
Имано досега Халанд во ПЛ на 30 мечеви постигна 34 голови, а во сите натпреварување на 44 мечеви има 50 голови.
Е, сега на ред е оној на извесен Дикси Дан, некогашен напаѓач на Евертон кој во сезоната 1927/28, на 41 мечеви постигнал 63 голови, од кои само 60 во најсилната лига на Англија.
Јасно е дека тешко е Халанд да дојде до тие 60 голови во првенството, но затоа може и тоа како до тие 63, му остануваат само уште 13. А се игра уште во ПЛ, потоа веројатно три меча во ЛШ како и финале во ФА Купот.
Значи е на добар пат да го урне рекордот на напаѓачот од пред еден век за кого Англичаните велат дека тој бил најдобар кој некогаш играл фудбал.
Дикси Дан е неговото име.