У-17 женската селекција на Македонија го освои второто место на турнир во Италија

640

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 29 април до 2 мај учествуваше на силен меѓународен турнир што се одржа во Италија.

Нашите млади фудбалерки имаа добар настап и го освоија второто место на контролниот турнир.

Во првиот натпревар против домаќинот Италија загубивме со убедливи 5:0. 

Во вториот меч против БиХ одигравме одлично и успеавме да славиме победа од 2:1. Стрелци на погодоците на овој натпревар беа Ева Величковска и Анастасија Илиевска.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, на меѓународниот контролен турнир во Италија ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Мартина Силјаноска (Атлетико), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Рона Рустеми (Шкендија), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Мина Ковачевска (Атлетико), Михаела Додевска (Скопје), Јована Павловска (Деспина), Јована Петровска (Атлетико);

Среден ред: Ева Конева (Скопје), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Деспина), Ива Јосифова (Тиверија), Ева Величковска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје);

Напад: Ана Боризоска (Деспина), Настасја Накова (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина),  Сара Дика (Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (Скопје);

ПретходноМЗТ Скопје ја прекина соработката со Драган Николиќ, Васко Атанасов ќе го предводи шампионот!
СледноЕве како петтмина хулигани брутално го претепаа кошаркарот на Емил Рајковиќ! (ВИДЕО)